Почетна Архива на вести Официјално: galichnik.mk
Официјално: galichnik.mk
Напишано од Kjeaja   
Среда, 22 Јануари 2014 04:30

Конечно, на 20.1.2014, по речиси шест години поминати во обиди да се почитуваат „демократските“ правила на поседувањето mk интернет домени, се стопи она „-official“ од името на нашиот домен, слично како годинешниов снег. Причината за ова не е благата зима туку либерализацијата на пазарот на mk домени што стапи на сила на 1.1.2014 година, при што нашиот тим брзо реагираше и направи промена на постоечкиот домен пред некој друг да има шанса повторно да ги поткопа надежите за поседување на домен што ќе одговара на единствениот официјален сајт за Галичник.

Сега откако премина во наши раце, останува никогаш да не го испуштиме и да го предадеме на генерациите што следат.

 
www.000webhost.com