Соопштение
Напишано од Kjeaja   
Вторник, 24 Март 2015 21:22

***ВАЖНО***

Им се соопштува на сите галичани дека на 31.3.2015 (вторник) со почеток во 20 часот ќе се одржи собрание на МЗ „Галичник“ во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент (стара Народна техника), со следниот дневен ред:

1. Извештај за 2014 година;

2. Програма за 2015 година;

3. Разно.

 

Гегоска невеста

МЗ „Галичник“ на 23.3.2015 донесе одлука, невеста и зет на „Галичка свадба 2015“ да бидат Билјана Гегоска и Филип Белчев. Иако имаше голема конкуренција во уште 3 парови, кај кои по еден од младите имаше галичко потекло, сепак преовлада фактот што Билјана имаше големо искуство зад себе како повеќекратен учесник на галичките свадби, а станува збор и за извонреден јавач на коњи. Со овој избор Билјана ќе остави голем белег на манифестацијата како што тоа веќе го правеа некогашните и сегашните великани на Галичката свадба од фамилијата Гегоски, почнувајќи со дедото Ѓорѓи, преку таткото Крсте и завршувајќи со братучедите Дејан, Ѓоко и Васко, кои сите имаа забележителни улоги како бајрактари и коњаници и без кои свадбените ритуали не можеа да се замислат.

Одлуката на организацискиот одбор на „Галичка свадба 2015“ при месната заедница можете да ја преземете од следниов линк. Galichnik.mk на Билјана и на Филип им го честитаат изборот и им посакуваат најдобра свадба и среќен заеднички живот.

 
www.000webhost.com