Почетна Архива на вести Зимски „двоглед“
Зимски „двоглед“
Напишано од Kjeaja   
Понеделник, 01 Февруари 2016 11:20

Зимата во Галичник трае подолго од календарската, но тоа не значи дека среде зима нема да се „погоди“ подолг период на стабилно, пријатно и сончево време како што беше случајот со втората половина од првиот месец во 2016 година. Многумина го искористија прекрасното време во последниот викенд од јануари за прошетка до Галичник и околината. За да ги поттикнеме новите зимски посетители што поскоро да ги доживеат снежните убавини на Галичник и околината, бидејќи зимата нема да трае бесконечно, ви прикажуваме неколку интересни фотографии направени од блискиот врв Рудина, „карши“ Галичник.

Галичник „заштитен“ од зимзелениот појас.

 

Врвот Карбула.

Карпите на Говедарник и непрегледната белина на планината Бистра.

Зла Страна и карпите на Кофилковица.

Скала, Гладеж и кањонот Кокошарник, со падините на Вели Врв во позадина.

 
www.000webhost.com