Почетна
Соопштение 28.3.2017
Напишано од Kjeaja   
Среда, 29 Март 2017 15:33

Почитувани Галичани,

На 28.3.2017 година во Скопје, во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент, се оддржа Собрание на Месната заедница Галичник на кое беше избран нов Совет на Месната заедница.

Со голем број гласови за членови на Советот беа избрани следниве предложени кандидати:

- Александар Костиќ
- Александар Филиповски
- Гордана Бекриќ
- Васко Величковски
- Павле Камилоски
- Дејан Дуковски
- Виолета Бошнакоска
- Марко Бислимовски
- Гаврило Кунчески
- Марко Филиповски

Сакаме да изразиме голема благодарност за големата доверба и поддршка што ја добивме од присутните Галичани на седницата на Собранието и истовремено да дадеме ветување дека сите наши активности ќе бидат во функција на подобрување на условите за живот во Галичник и како и развој на Галичник во место кое ќе сакаат да го посетат и видат голем број граѓани на нашата земја и гости од странство.

 
www.000webhost.com