Почетна
Соопштенија 31.5.2018
Напишано од Kjeaja   
Четврток, 31 Мај 2018 18:35

На ден 14.6.2018 година, членовите на советот на Месна заедница Галичник одржаа седница со единствена точка на дневен ред

1. Избор на зет и невеста за Галичка свадба 2018

Присутните едногласно ја донесоа следната:

ОДЛУКА

За зет и невеста за Галичка свадба 2018 се избрани Златко Димовски и Тања Лепческа

Образложение:

Од страна на Тања Лепческа и Златко Димовски, до Советот на МЗ Галичник беше доставено писмо во кое побараа да ја имаат таа посебна чест и радост да бидат дел од овогодишната Галичка свадба како зет и невеста. Тања Лепческа е по потекло галичанка и од мала е активна во секоја Галичка свадба како учесник. Во духот на вековната традиција им ја исполнуваме желбата својата љубов да ја крунисаат во Црквата Свети Петар и Павле со галичка свадба на ден 15 јули 2018 година.

 

 

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЕЛАБОРАТИ

Почитувани Галичани и сопственици на имот во Галичник

Во прилог е листа на сопственици на имот за КО Галичник, кои треба да достават геодетски елаборати заклучно со 30 јуни 2018 година, за да се отпочне постапка на предметите за легализација на објекти.

Геодетски елаборати кои недостасуваат од 2011 година:

1. Ќипровски Митре 09-513/1
2. Владимир и Зоран Чанговски 09-1177/1
3. Љубица Томовска Лазарова 09-1190/1
4. Ажиевски Љубомир 09-1199/1
5. Жан Митрев 09-1244/1
6. Попоска Олга 09-1317/1
7. Чадиковска Илинка 09-844/1
8. Аврамовска Љубица 09-843/1
9. Спиревска Драгица 09-608/1
10. Кутревски Лазар 09-605/1
11. Спасовски Војо 09-588/1
12. Евн 09-1752/1
13. Евн 09-1753/1
14. Евн 09-1754/4
15. Ажиевски Гапе 09-1387/1
16. Дукоски Слободан Загорка Ацо 09-1404/1
17. Љубица Караџозоска 09-1468/1
18. Часлав Михајловски 09-1471/1
19. Калина Наумовска 09-1091/1
20. Чаловски Максим 09-2455/1
21. Лукановски Велимиров Светослав 09-2460/1
22. Колачевски Павле 09-2465/1
23. Доксим Тортевски 09-927/1
24. Методија Бундалевски 09-1822/1
25. Деспот Кецкаровски 09-1823/1
26. Лукановски Томо 09-1833/1
27. Лукановски Васе 09-1834/1
28. Милица Филиповска 09-1844/1
29. Рафаил Волчевски 09-1850/1
30. Максим Чаловски 09-2305/1
31. Болиновски Димитар 09-708/1
32. Блаже Кежаровски 09-1632/1
33. Јован Кежаровски 09-1631/1
34. Васка Костевска 09-1615/1
35. Горица Бошнаковска 09-2632
36. Васил Веноски 09-2631
37. Павловски Боривоје и Тодор 09-2626
38. Фрчковски Драган 09-2611
39. Бундалевски Борис 09-2604
40. Злата Чалоска 09-2587
41. Стефановски Вењан 09-2715
42. Камилоски Јосе 09-2740
43. Гугуловски Гоце 09-2754
44. Гугуловски Гоце 09-2755
45. Гугуловски Гоце 09-2756
46. Топузовски Пане 09-2760
47. Бисмилоски ристе 09-2767
48. Трифунов Трифун 09-2035
49. Штрејовски Харалампије 09-3632
50. Михајловски Веселин 09-1962/1
51. Равановски Васил 09-1957/1
52. Милосавлевски Мојсије 09-1937/1
53. Михајлоски Светозар 09-2836/1
54. Цинцаровски Бошко 09-2843/1
55. Бошњаковски Рафе 09-2859/1
56. Чалчески Милути 09-2860/1
57. Арсена Антова 09-2862/1
58. Павловска Антоанета 09-2916/1
59. Чаловски Динго 09-2934/1
60. Брковски Мелентије 09-3773/1
61. Брковски Мелентије 09-3774/1
62. Каркински Дело 09-3797/1
63. Канческа Вера 09-3901/1
64. Михајловски Светозар 09-4012/1
65. Јарукоска Павлина 09-3261/1
66. Јарукоски Русе 09-3262/1
67. Ажиески Војо 09-3181/1
68. Бетовска Славица 09-2191/1
69. Лукановски Љупчо 09-3067/1

Геодетски елаборати кои фалат од 2016 година:

1. Чалоски Јордан 10-661/16
2. Филиповскуи Јован 10-662/16
3. Чаловски Саво 10-703/16
4. Кецкаровски Деспот 10-553/16
5. Бојчевска Даница 10-768/16
6. Деспотовски Јован 10-829/16
7. Михајлоски Бранирод и Љубица 10-844/16
8. Јаневска Јулијан 10-229/16
9. Мандиевски Апостол 10-237/16
10. Никоска Санда 10-307/16
11. Водовод Општина Маврово и Ростуше 10-24/16
12. Миловски Горан 10-341/16
13. Кежароски Блаже 10-343/16
14. Кежароски Јован 10-344/16
15. Меловски Горан 10-379/16
16. Трифунова Јовановска Лидија 10-421/16

Листата на предмети е добиена од одделението за урбанизам при Општина Маврово и Ростуше.

Ве молиме за понатамошно споделување на оваа информација за да стаса до засегнатите лица.

Месна заедница Галичник

 

 

О Г Л А С
на Месната заедница Галичник за избор на зет и невеста за „Галичката свадба 2018“

Месната заедница Галичник објавува оглас за избор на зет и невеста за „Галичката свадба 2018“. Апликациите заедно со мотивационото писмо за зет и невеста кандидатите, во рок од 8 (осум) дена по објавувањето на Огласот, треба да ги достават на електронската адреса на Месната заедница Галичник   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
При изборот на зетот и невестата предност ќе имаат кандидатите од кои барем еден од партнерите има галичко потекло и кои претходно биле активни во организацијата на Галичката свадба.
Апликациите ќе бидат разгледани од Советот на Месната заедница, а одлуката за изборот на зет и невеста ќе биде донесена во рок од пет дена и истата ќе биде објавена на официјалната веб страница на Месната заедница Галичник.
 
www.000webhost.com