Камени портали |
Напишано од Kjeaja |
Четврток, 16 Август 2018 21:51 |
Промоција на публикацијата ГАЛИЧКИТЕ КАМЕНИ ПОРТАЛИ од авторот Косто Граоркоски сабота 18.8.2018 во 12 часот во Галичник црква „Св. Петар и Павле“ Промоцијата ке се одржи по повод одбележувањето на 200 години од раѓањето на првиот македонски преродбеник, високиот црковен великододстојник и еден од најпознатите интелектуалци на Балканот во 19 век Партениј Зографски и 140 години од раѓањето на еден од последните галички иконописци Јаков Фрчкоски кој а 50 цркви во Македонија, Бугарија и Србија, а ја иконописал комплетно и црквта Свети Петар и Павле во родниот Галичник. Оваа публикација е фотографска приказна за камените влезни портали со кои се додефинира генезата и идентитетот на галичката куќа. Публикацијата претставува еден придонес за македонската архитектонска култура, зошто Галичник со своите градби, поточно со нивното настанување, го надминува значењето на националните и на фолклорните рамки. Камените портали на влезните врати во галичките куќи сами по себе се една посебна духовна приказна полна со симболи, божја светост, традиција, култура па и имагинација. Во пазувите на една несекојдневна архитектура тие на сопственикот на галичанецoт му го нудат духовното, радоста, тагата, восхитот, незаборавот. |