Почетна Останати теми Личности од значење за Галичник
Личности од значење за Галичник PDF Печати Е-пошта
Слика Личност Инфо

Адамич Луј

(1898 - 1951)

Еден од најголемите амреикански писатели од југословенско потекло. Во неговите записи обично го опишува животот на иселениците. Во книгата „Враќањето на домородецот“, постои поглавје за Македонија со наслов „Овде стрелките на часовникот застанале“, во кое, авторот всушност говори за Галичник, каде престојувал благодарение на двајца македонски емигранти во САД, кои се враќале дома.

Ајрадин Паша

(1800 ? - 1870 ?)

Турски аристократ, кому му било наредено од противниците на власта на султанот, да земе војска и да го запали Галичник, во летото 1845 година. Но, кога ја доживеал убавината на Галичник и чесните луѓе кои живееле таму, одлучил не ја изврши зададената задача и нагласил на турските авторитети причини зошто Галичник не смее да се уништи.

Дрнков Благоја

(1914 - 2012)

Доајен на македонската фотографија. Добитник на медал за посебни заслуги за Македонија. Неговите фотографии за време на 20-иот век се од големо значење за проучување на историјата на Галичник од тој период.

Капидан Кузман

(1810 ? - 1847)

Заштитник на Галичник и поголемиот дел на западна Македонија од арамиските банди кои ги пустошеле македонските населби. Во близина на Галичник бил убиен во момeнтите на победа против банда на албанци муслимани кои му претеле на Галичник во тоа време. Иако е сигурно дека е закопан во Галичник, сепак точната локација сеуште не е позната.

Куба Лудвик

(1863 - 1956)

Чешки пејзажен сликар, музичар, писател, професор на Академијата на ликовни уметности. Како претставник на доцниот импресионизам, бил собирач на фолклорни традиции, посебно на теми од Галичник со свадбените обичаи, кои ги обасјнил во својата книга „Книга за Македонија“, каде истотака ги додал своите слики со мотиви од Галичник.

Миладинов Сифрид

(1895 - 1962)

Еден од најважните камермани во македонската историја. Пред Првата Светска војна почнал да го учи фотографскиот занает и подоцна отвора свое фотографско студио. Проектирал филмови извесен период, а во 1939 година го снима документарецот "Galichnik", кој го издава година подоцна како еден од првите филмови во боја во тоа време.

Прличев Григор

(1830 - 1893)

Македноски поет и писател, веројатно најголемата фигура на македонската литература во 19-иот век. Во својата поема „Сердарот“, за која добива прва награда за најдобра поема во Атина 1860 година, го опишува тешкиот живот на македонскиот народ во западна Македонија, посебно во Галичник и околината.

Саздов Томе

(1934 - 2004)

Професор и директор на катедрата за литература на Филолошкиот Факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Негова специјалност беа народната литература и историја на литературата, посебно деловите поврзани со Галичник, кои ги третирал во бројни книги и изданија, вклучувајќи ја и книгата „Знаменити македонски преродбеници од Галичник“.
 
www.000webhost.com