Почетна Останати теми Понуди за сместување
Понуди за сместување
Барање на сместување во Галичник е незгодна работа, поготово кога сакате да го посетите за време на некој популарен настан како „Галичка Свадба“ или празнувањето на „Преображение“, бидејќи главните капацитети се исполнети. Обично посетителите имаат малку информации за алтернативните начини на сместување. Од друга страна пак, луѓето од Галичник кои нудат такви услуги, не можат да најдат ефективен начин да допрат до потенцијалните муштерии. Со цел да се помогне на двете групи, во продолжение ви прикажуваме листа на места со сместувачки можности за туристите.
Слика Име и контакт
Информација

Вила Бундовски

телефон: +38972544000;

фејсбук: villa.bundovski

Вилата се наоѓа на една од највисоките точки во Галичник, на надморска височина од 1420 м, местоположба која овозможува поглед од кој запира здив. Има 8 кревети, распоредени во две соби од по 35 м2, целосно опремени кујна, купатило и сите потребни работи за целосно уживање во природните убавини на Галичник и Бистра.

Total capacity: 8.

Цена*: 50 евра (цела вила) од вечер, (мин. 2 вечери), 80 евра од вечер за време на Галичка Свадба.

* за помалку од 6 луѓе цената е по договор


Куќа „Баба и деде“

телефон: +38970370843, +38977854256;

е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ;

фејсбук: galicnikmtb

Куќа со 2 двокреветни и 2 трокреветни соби, кујна, тоалет и достапен безжичен интернет, на само 80 метри од ресторанот „Баба и деде“ и влезот на Галичник.

Целосен капацитет: 10.

Цена: Во зависност од аранжманот.


Куќа Лепчески

телефон: +38978362618

Куќа со традиционален ентериер. Две спални соби, кујна, тоалет, двор за одмор. Релативно блиску до центарот. Прекрасен поглед на црквата „Св. Петар и Павле“.

Целосен капацитет: 10.

Цена: 300 денари па нагоре (според аранжманот).

 
www.000webhost.com