Почетна Останати теми Останати понуди
Останати понуди

Листа на разни видови понуди од луѓето од Галичник.

Слика Понуда и контакт
Информација

„Баба и деде“ ресторан

Марко Бекриќ: +38970370843, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , facebook;

Филип Луканоски: +38977854256;

Нуди традиционална храна, типична за галичкото поднебје, како што е прочуеното галичко сирење, бакрданот, коматот и други мијачки специјалитети. Достапен е безжичен интернет.

Цена: Зависи од изборот на храната.


Галички авантури на планински велосипед

Марко Бекриќ: +38970370843, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , facebook;

Филип Луканоски: +38977854256;

Организирање патешествија со планински велосипеди во околината на Галичник, повеќето од нив на планината Бистра. Дестинацијата и типот зависат од желбата на велосипедистите и нивната физичка подготвеност. Патувањата се од тип соодветен за почетници и за напредни велосипедисти. Овие патешествија со планински велосипед се погодни за фамилијарна рекреација, тим билдинг и останати групи. Понудата вклучува и целосна опрема потребна за планински велосипедизам.

Број на понуди: 6 стандардни и други според желбите на велосипедистите.

Цена: Во зависност од изборот и по договор.


Галички зимски авантури

Марко Бекриќ: +38970370843, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , Macedonia experience;

Филип Луканоски: +38977854256;

Ретка можност да уживате во Галичник во зима. Освен топлото и удобно сместување во традиционални услови, тука се и зимските прошетки во околината на Галичник со водич.

Број на понуди: 1 стандардна, 2 планинарски и останати според желбите на гостите за групи од 2 до 12 индивидуи.

Цена: 30 евра за една вечер.


Јавање коњи

Васко Величковски: +38977648679, facebook;

Посетете места со прекрасни пејзажи, моќни планини, кристални реки и водопади и недогледни висорамнини. Престојувајте во стари куќи, уживајте во домашната храна на локалните овчари, покрај оган, седнати на камења сред пасиште, едноставно уживајќи во природата.

Број на понуди: 6 неверојатни тури, различни по локација, времетраење и должина.

Цена: Во зависност од изборот и по договор.


"Мијачко Катче" ресторан

Русе Гегоски: +38971325087;

Традиционални јадења од Галичник и останатите мијачки места, организирање на промоции, прослави и останати видови веселби.

Број на различни понудени јадења: повќе од 100, како и комбинации од нив.

Цена: Во зависност од изборот.


Мултимедија

KAM (Иван Мешкоски): +38970871388, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ;

Книги, VHS-и, CD-а, DVD-а и останати работи од галички автори или интересни информации за Галичник.

Број на различни предмети: 4 и повеќе.

Цена: 50 денари па нагоре, според медиумот.


Сувенири од Галичка Свадба

KAM (Иван Мешкоски): +38970871388,  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ;

Бошко Лепчески: +38978362618,  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ;

Мали кукли облечени во традиционална девојчинска, машка и невестинска носија од Галичник од изминативе 3 века. Така, денес се облекуваат учесниците на Галичка Свадба.

Број на различни предмети: 3.

Цена: варира според квантитетот.


Традиционални носии - изнајмување

Бошко Лепчески: +38978362618,  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ;

Традиционални галички носии, комплет со сите оригинални делови.

Број на различни видови носии: 1 голема машка, 5 невестински, 3 девојчински.

Цена: варира во зависност од временскиот период и квантитетот.


Традиционални носии и инструменти - продажба

KAM (Иван Мешкоски): +38970871388,  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ;

Традиционални галички носии и инструменти со кои се свири на Галичка Свадба, комплет со сите оригинални делови.

Број на различни видови носии: 10 големи машки, 10 невестински, 10 девојчински, 10 мали машки.

Број на различни видови инструменти: 10 тапани, 10 зурли.

Цена: варира според кавнтитетот.

 

 
www.000webhost.com