Home Photo galleries


Czar's Fountain
(Царева Чешма)

The former motel
(Поранешниот мотел)

Carevec peak
(Врвот Царевец)

Openning of the road
(Отворањето на патот)
Carevec is an area which some medieval ruler started to use it as a resting place. That is the reason for the origin of the name - unknown when, a czar built a fountain (nowadays known as the Tsar's Fountain) and a small cottage in this mountainous area, not to be disturbed by anyone. However, the later rulers (mostly Turkish) of the surrounding assets, were destroying or rebuilding the structures, and therefore nowadays almost nothing remains as archeological evidence from those old times. Only the fountain and two ruined houses (part from the former motel) from the beginning of the previous century remain.
After the paved road connecting Galichnik to Mavrovo was built in the 1970s, the Carevec area became critical for the road to be passable during the winter half of the year (approximately from November till April depending on the snow conditions). In that period almost every year the road is closed for traffic because of the deep snow covering the higher parts of Carevec area. The reason for this is the high altitude of the road (the highest point is at the exit of Carevec area - 1705 meters above sea level), the northern exposure which causes slightly slower snow melting (snow can be seen here till June, and sometimes even in the beginning of July), as well as the lack of financial support for cleaning the road (the local roads in Macedonia are not government responsibility).
The peak that rises above the whole area is also called Carevec - 1810 meters high.
Since 2003 there is a private sheepfold in the area.
 
Царевец е област која некој средновековен владетел ја користел како место за одмор. Тоа е и причината за потеклото на името - непознато кога, некој цар изградил чешма (позната денес како Царева Чешма) и куќичка во оваа планинска област, за да не биде вознемируван од никого. Но подоцнежните владетели (во најголем дел турски) на околните поседи, ги рушеле или ги обновувале градбите, така што денес речиси и не останал никаков археолошки доказ од старите времиња. Единствено останаа чешмата и двете срушени куќички (дел од некогашниот мотел) од почетокот на минатиот век.
Откако во 1970-тите години беше асфалтиран патот од Маврово до Галичник, областа Царевец стана критична за проодноста на патот за време на зимската половина од годината (просечно од Ноември до Април, во зависност од врнежите). Во тој период речиси секоја година патот е непрооден за сообраќај заради дебелината на снегот во повисоките делови на Царевец. Причини за ова се големата надморска височина на патот (највисоката точка е на излезот од Царевец - 1705 метри надморска височина), северната изложеност која предизвикува многу споро топење на снегот (снегот може да се види до Јуни, а некогаш дури и до почетокот на Јули), како и недостигот на финансиска поддршка за да се овозможи чистење на патот (локалните патишта во Македонија не се одговорност на владата).
Врвот кој се издига над областа, истотака е познат како Царевец - висок е 1810 метри.
Од 2003 година во областа постои приватно бачило.
www.000webhost.com